Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Костадинов: Собранието со 80 пратенички гласа покажа дека е за силна правна држава и европска иднина

Прес-конференција, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ – интегрален текст:

 

Извршителот Христијан Мицкоски не успеа во својата намера да го блокира законот за ЈО.

Победи правдата!

Собранието со 80 пратеници покажа дека е за силна правна држава, за владеење на правото и за одговорност за сите.

Собранието со 80 пратенички гласа покажа дека е за европска иднина на нашата држава.

За нас е од огромно значање што само 6 пратеници се изјаснија против гласаа против законот за ЈО.

Недвосмислено покажавме дека сакаме правна држава и дека ги почитуваме законите на Република Северна Македонија.

Законот за јавно обвинителство којшто Собранието денеска го усвои гарантира дека сите судски предмети кои произлегоа од СЈО ќе имаат правна завршница, а постапките за овие процеси ќе бидат професионални, фер и базирани на докази.

Усвојувањето на Законот за јавно обвинителство значи и огромен придонес кон европската перспектива на државата и приближувањето до ЕУ.

Денеска ќе гласаме и за распуштање на Собранието и на 12 април да одиме на предвремени парламентарни избори.

Ги почитуваме законите и го почитуваме она што е договорено. Тоа го покажавме и до сега. Иако до овој момент сеуште немаме предлог од ВМРО-ДПМНЕ за министер за труд и социјална политика подготвени сме да дадеме шанса и да пружиме рака.

Оставаме простор и ги повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да достават предлог и веднаш да гласаме за министер за труд и социјална политика,за да немаат никакво алиби за бегање од предвремени парламентарни избори.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +