Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Избегнат инцидент во собрание: Пратеничка на ВМРО ДПМНЕ вербално и’ се нафрли на своја колешка: Затни ја устата погана, срам да ти е!

Жестока кавга се случи попладнево на собраниската седница меѓу пратеничката Нола Исмајловска од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска по говорот на Исмајловка која ги наброја пратениците од ВМРО-ДППМНЕ кои гласале за Законот за Армијата со новото уставно име.

-Закон за служба за армијата е веќе донесен. И во тој Закон има член со кој се усвојува новото име. За ова решение гласаа и пратениците: Владимир Ѓорчев, Иван Иванов, Стојановска Дафне, Никола Мицевски, Пешевска Жаклина и Честојнова Павлинче. Ова е многу лицемерно. Ова лицемерие граѓаните не го заслужуваат“, рече Исмајловска.

По нејзиниот говор, Пешевска вербално и’ се нафрли со зборовите „Срам да ти е, затни ја устата погана“, на што Исмајловска и возврати „Си гласала за Северна Македонија“, покажуваат стенограмите“.

Вознемирената пратеничка која наводно фрлила и телефон ја тргнаа неколку пратеници од нејзината партија.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +