Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ во неверување по донесувањето на Законот за обвинителство, бараат од Пендаровски да не го потпишува

Од ВМРО ДПМНЕ како да не очекуваа дека СДСМ ќе обезбеди дво-третинско мнозинство за Законот за јавно обвинителство со кој ќе се стави крај на криминалите сторени за време на режимот.

-Слугите на Заев деенска се надминаа себеси. Законот за зашитата на криминалот на Заев не помина. Она што се случи потоа е врвот на она што се нарекува хибриден режим, рече Никола Мицевски од ВМРО ДПМНЕ.

Партиските структури на ВМРО ДПМНЕ, која и самата е осомничена во предмети за изборни измами, сега енергијата ја насочуваат кон Претседателот Стево Пендаровски и вршат притисок тој да не го потпише законот.

Аналитичарите коментираат дека со донесувањето на Законот за јавно обвинителство доаѓа крајот на криминалните структури кои беа претходно заштитени од одговорност. Сега сите очекуваат, заглавените предмети дека ќе се откочат и ќе профункционира правната држава.

Законот е доста битен и за членството на Македонија во ЕУ. По ова речиси е невозможно Макрон да не поддржи старт на преговорите за Македонија со ЕУ.

Лидерот на СДСМ претходно на прес конференција го поздрави донесувањето на Законот за јавно обвинителство и порача дека доаѓа правдата.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода поранешниот претседател на ФФМ, поднесена кривична пријава за проневера

ДЕСК

Мицкоски: СДСМ направи историска капитулација со Бугарија, само мекотели политичари кои клечат на колена како Филипче изјавуваат дека ние сме ја провоцирале Бугарија

ДЕСК

Мицкоски: На следните избори останува техничката влада, предложеното законско решение е за техничката влада за изборите потоа, стравот на Филипче е дека и тие избори ќе ги изгубат

ДЕСК