Секогаш во средиштето на збиднувањата...

вонредна вест: СДСМ со жестока реакција најави формирање на ново парламентарно мнозинство, ако антизападните сили продолжат со кочничарење во парламентот

Фејсбук статус на Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ:

Доколку во Собранието се продолжи со тактизирање и ако на кој било начин се оневозможи гласање на важните закони, а особено Законот за јавно обвинителство, Изборниот законик, Законот за одбрана, разрешувањето на Мизрахи…, во тој случај постои реална можност ние да направиме ново парламентарно мнозинство, а потоа и нова стабилна влада која ќе организира редовни парламентарни избори.

Северна Македонија нема да биде заложник на партиски и криминални интереси, правната држава и европската иднина се приоритет на граѓаните и за тоа ќе се бориме до последниот атом.