Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Оштетен автомобилот на пратеничката Александрова

Со гребаници непознати лица ѝ го оштетиле автомобилот на пратеничката Емилија Александрова од редовите на независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Инцидентот се случил додека пратеничката била внатре чекајќи да почне собраниската седница за законот за ЈО. Aвтомобилот на пратеничката бил паркиран во кругот на Собранието во близина на службениот влез.

Александрова повикала полиција, која врши увид на автомобилот, кој, како што рече таа, бил изгребан од двете страни.

Можеби ќе ве интересира

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +