13.3 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Со законот за ЈО нема скриена амнестија

Не успеа мисијата на Мицкоски да го одбрани криминалот на својот шеф Груевски, со законот за ЈО нема скриена амнестија и има правда за сите, велат од Социјалдемократскиот сојуз преку соопштение.

„Извршителот на Никола Груевски, Христијан Мицкоски, не успеа да го реализира налогот на својот шеф од Будимпешта.

И покрај сите блокади, запирања, противења, извршителот Мицкоски не успеа во својата мисија да го одбрани криминалот.

Законот за Јавно обвинителство важен за правната држава, важен за европската иднина, влезе во собраниска процедура.

Со него нема скриена амнестија за криминалот на режимот, има одговорност за сите.

Законот за Јавно обвинителство значи правна разрешница за сите судски случаи во кои обвинети се поранешни функционери на ВМРО ДПМНЕ, а меѓу нив и Никола Груевски, шефот на извршителот Мицкоски.

Пратениците во Собранието треба да се стават на страната на правдата, на страната на сигурната иднина и да гласаат за ова законско решение, да се постигне потребното мнозинство во Собранието.

Да го потврдиме европскиот пат на нашата земја и заедно да ја потврдиме нашата стратешка определба за обезбедување правна држава“, нагласува СДСМ во соопштението.