Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Пратениците на свечена седница ќе го ратификуваат Протоколот за НАТО

Пратениците денеска во 15 часот на свечена седница ќе го ратификуваат Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Предвремената ратификација доаѓа откако во Шпанија е почната процедурата за ратификација, но поради нивните закони, тоа нема да се случи пред распуштање на парламентот.

Свеченоста ќе почне во Собранието во 12:45 часот, кога ќе пристигне и првиот гостин, Мирослав Туѓман, пратеник и шеф на Хрватската делегација во Парламентарното Собрание на НАТО. Освен Туѓман, на свеченоста ќе присуствуваат и Атила Местерхази од ПС-НАТО, како и Василика Хуси, потпретседателка на Парламентот на Албанија, Цвета Карајанчева, претседателка на Националното собрание на Бугарија, како и Генци Ниманбегу, потпретседател на Парламентот на Црна Гора.

На седницата ќе се обратат претседателот Стево Пендаровски техничкиот премиерот Оливер Спасовски, координаторот на пратеничката група на СДСМ – Јован Митревски, лидерот и пратеник на ДУИ – Али Ахмети, по што ќе се обрати координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ – Никола Мицевски.

Откако и официјално ќе се ратификува Протоколот, пред Собранието свечено ќе биде подигнато знамето на НАТО.

Можеби ќе ве интересира

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ВЕЛЕС – 82-годишен маж приведен по пријава дека ја нападнал сопругата со дрвен предмет

ДЕСК

ПРИВЕДЕН ОСОМНИЧЕН ЗА КРАЖБИ НА ВЕЛОСИПЕДИ – Полициска акција во скопски Карпош

ДЕСК

НЕДОРАЗБИРАЊЕ ПРЕРАСНАЛО ВО ТЕПАЧКА – Инцидент во скопска Кисела Вода

ДЕСК