Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Македонските државјани на крузерот во Јапонија се во добра здравствена состојба

Македонските државјани на крузерот во Јапонија се во добра здравствена состојба, соопшти Министерството за надворешни работи.

„Информираме дека Амбасадата на Република Северна Македонија во Токио оствари директна комуникација со тројцата македонски државјани кои се наоѓаат на бродот ‘Дајмонд принцес’, во Јокохама, Јапонија. Станува збор за двајца мажи и една жена, членови на екипажот и се наоѓаат во добра здравствена состојба“, соопштија од МНР.

Крузерот од почетокот на овој месец е во карантин откако кај еден патник бил дијагностициран коронавирусот. Бројот на заразени на бродот постојано расте и засега се потврдени 130 случаи.

Можеби ќе ве интересира

Каква храна јадеме? Ако и етикетата лаже, на што да веруваме: Нов аларм за храната што ја конзумираме

ДЕСК

ВЕТЕР ДО 60 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС: Се очекуваат најсилни удари во западните делови – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Пензионер нападнат во Аеродром

ДЕСК