Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Власта обезбеди двотретинско мнозинство за Законот за обвинителство – Силна победа на прозападните сили во Македонија

Антизападните сили во Македонија доживеаја пораз.

Власта и покрај притисоците на структури на режимската опозиција врз пратениците, успеа да добие поддршка 80 пратеници и да изнајде двотретинско мнозинство за Законот за јавно обвинителствo, дознава Centar.mk, со што се исполнува уште еден услов за отпочнување на преговорите со ЕУ.

Како што дознава Centar.mk од владини извори, Вечерва Законот ќе биде усвоен на владина седница во 22 часот и препратен во парламентот на итно гласање, со што се отвора патот за предвремени избори во Македонија.

Законот за јавно обвинителство беше кочен од антизападните структури на опозицијата во парламентот, што беше кочница и за борба против криминалот, со ова се отвара пат и за конечно расчистување на криминалот сторен за време на режимот за кој слушавме во прислушкуваните разговори.

Аналитичарите сметаат дека ова е силна победа на прозападните сили во Македонија и многу силен пораз за антизападните структури втемелени во опозициската партија.

Можеби ќе ве интересира

Со владиниот авион попладне ќе се евакуираат македонските граѓани од Израел, во следните денови следи и враќањето од ОАЕ, Катар, Бахреин и Кувајт

C +

СДСМ нема да молчи: Оставка од Тошковски поради загубените животи!

C +

Николова: Предложените заменици министри се партиски кадри наместо експерти, уште едно лицемерие на Владата

ДЕСК