Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Тешко повредено дете од Куманово кое паднало од силос при обид да направи фотографија

Од Ургентниот центар во Куманово вчера во попладневните часови во полиција пријавиле дека било донесено дете со повреди од пад.

Полицијата излегла на локацијата каде се случил инцидентот, при што било утвредено дека вчера околу 14:30 часот, шестмина малолетници заминале во зградата на поранешен „Житомел” со цел да се фотографираат.

Потоа сите се качиле на петтиот кат од објектот, во делот силоси за жито, по што еден 14-годишник движејќи се наназад, не забележал дека на подот има отвор од силос, и пропаднал внатре во отворот, паѓајќи до приземната просторија.

Детето се здобило со тешки повреди по што било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Кумановската полиција извршила увид на местото на настанот./Makfax

Можеби ќе ве интересира

Економските реформи и европската интеграција во фокусот на средбата со полскиот амбасадор

ДЕСК

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај Бланар

ДЕСК

Беким Сали од Даблин: Наследството на Охридскиот договор треба да се одразува во секојдневниот живот на граѓаните

ДЕСК