11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мизрахи исполнува нарачки на Груевски и Мицкоски кои се насочени против ЕУ и НАТО, граѓаните ќе ги казнат противуставните постапки на ВМРО-ДПМНЕ

Граѓаните на дело го гледаат враќањето назад за кое со години зборува извршителот на Никола Груевски и заштитник на неговиот криминал, Христијан Мицкоски, велат од СДСМ.

-Тоа е враќање назад во време на режим, на изолација, на кавги со соседите, време на неизвесност, на вета, на блокади и бесперспективност, далеку од ЕУ и НАТО.

Послушничката на Христијан Мицкоски и кадар на Никола Груевски, министерката во преодната Влада, Рашела Мизрахи, го прекрши Уставот и Договорот од Преспа.

Мизрахи со таквиот потег освен што го прекршува Уставот и Договорот од Препса, директно го загрозува членството во НАТО и ЕУ но и односите со Грција, за што веќе има официјална вербална нота.

Мизрахи која ја извршува оваа функција врз основа на нејзината заклетва дека ќе го почитува Уставот и законите на Република Северна Македонија немаше проблем со уставното име кога стапи на фунција, но наводно има денес, кога го загрозува Договорот од Преспа, постапувајќи по насоките на Мицкоски и Груевски.

Мандатот на Мизрахи во преодната Влада е да внимава да нема злоупотреби во нејзиниот ресор со цел да се одржат фер, слободни и демократски избори, а не е да исполнува агенди и нарачки на Мицкоски и Груевски кои се насочени против соседите, против ЕУ и НАТО.

Затоа на 12 април граѓаните ќе ги казнат ваквите погубни политики на Мизрахи, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните, јавноста, демократските сили, нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ да ја врати државата во темното минато, во изолација, криминал, надвор од ЕУ и НАТО.

На 12 април тие уште еднаш ќе потврдат дека нема назад! Интеграцијата во ЕУ и НАТО се вистинскиот, правиот пат и продолжуваме напред, велат од СДСМ.