26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Павлески од Агенда Локална Самоуправа – 20-24: Локалната самоуправа не е продолжена ракана Владата, како во времето на ВМРО-ДПМНЕ

На програмската трибина организирана од СДСМ на тема Локална самоуправа, заменик министерот за локална самоуправа, Дејан Павлески истакна дека локалната самоуправа е важен сегмент во општеството и дека таа е најблиска до граѓаните нудејќи им секојдневно услуги.

Павлески се осврна на наследените проблеми од претходната власт, наледени долгови и отворени проблеми за што рече дека во голем дел се решени.

Не ја гледаме локалната самоуправа како како продолжена рака на владата како што тоа беше во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа го покажавме на самиот почеток.

Почнавме да решаваме проблеми, да враќаме долгови во висина над 100 милиони евра, Владата учествуваше со 50 милиони се со цел да се санираат штетите.

Најмногу општини успеаа и сами да ги вратат долговите илои значајно да ги намалат” рече Павлевски

Павлески информираше дека изминатиот период со интересот на странските организации и донатори локалната самопуправа влезе во процес како да се подобри системот на локална самоуправа и како да се обезбеди поголемо учество на граѓаните и приоризирање на потребите на граѓаните.