4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Германската полиција му одзела клучеви на пијан Босанец, тој ги нашол резервните и продолжил да вози

Првиот ден од февруари годинава бил многу бурен за еден Босанец во Германија, пренесува босански „Аваз“.

Полицијата од Зигсдорф на автопатот А8 кон Салцбург, сопрела автомобил „пасат“ со словенечки регистерски таблички.

Поради возење во алкохолизирана состојба државјанин на БиХ бил казнет со глоба од 500 евра и едномесечна забрана за возење во Германија.

Според пишувањето на „Traunsteiner Tagblatt“ зад воланот седел 32-годишен државјанин на БиХ, кој во Австрија работел како каменорезец, а во моментот патувал кон својата родна земја. Бидејќи човекот мирисал на алкохол, бил спроведен алко-тест. Се покажало дека Босанецот имал скоро еден промил алкохол во крвта, што тој го објаснил со присуство на роденденска забава од петок кон сабота вечер.

Полицијата му забранила да продолжи со возењето и ги запленила клучевите од неговиот автомобил.

Службениците од истата патрола биле зачудени кога, по неполни два часа, малку по полноќ на 2 февруари, го забележале истиот „пасат“ на автопатот кај Зигсдорф.

Зад воланот повторно бил истиот 32-годишник кој влегол со резервните клучеви и продолжил да вози за БиХ. Тестот за алкохол повторно покажал дека е пијан, не како првиот пат, но сепак повеќе од законски дозволените 0,5 промили.

За вториот престап бил казнет со 1.000 евра, а сега го очекува и четиримесечна забрана за возење, пренесува „Аваз“./Makfax