Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведени шест момчиња од Косово и Албанија во кафеана во Тетовско

Вчера во 19.30 часот, при акциска контрола во угостителски објект на крстосница од ул.„Илинденска“ и регионалниот пат за с.Брвеница, полициски службеници од Полициска станица Тетово ги лишиле од слобода К.В.(23), Н.А.(19), Ј.С.(20), А.И.(19) и Ф.К.(25) од Косово и С.В.(18) од Албанија, поради тоа што по остварениот влез не го пријавиле туристичкиот престој во законски предвидениот рок, со што постапиле спротивно на член 190 и член 218 од Законот за странци. При акцијата, исто така, биле приведена и Л.У.(34) од Кичево, затоа што се однесувала агресивно и ги навредувала полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена пријава, информира МВР./Makfax

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Силен ветер над 60 км/ч, утринска магла и дожд за викендот

ДЕСК

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО ВЕЛЕС – Кај ученичка забележани видливи повреди, известени полицијата и обвинителството

ДЕСК

РЕВИЗИЈАТА ОТКРИ ПРОПУСТИ ВО МИНИСТЕРСТВО – Проблеми со имотот, обврските и јавните набавки

ДЕСК