Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

20-годишно момче со возило удрило во пешак во Скопје

Синоќа, во 22.20 часот, на крстосница од улиците Бледски договор и Трифун Пановски во Скопје, патничко возило „мицубиши колт“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С. Т.(20) од Скопје, удрило во пешакот Р. Ј. (53) од Скопје. Во незгодата Р. Ј. добила тешки телесни повреди по што била пренесена во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Скопје./Makfax

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Силен ветер над 60 км/ч, утринска магла и дожд за викендот

ДЕСК

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО ВЕЛЕС – Кај ученичка забележани видливи повреди, известени полицијата и обвинителството

ДЕСК

РЕВИЗИЈАТА ОТКРИ ПРОПУСТИ ВО МИНИСТЕРСТВО – Проблеми со имотот, обврските и јавните набавки

ДЕСК