26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Швајцарија донира 1,5 милиони евра на Собранието

Националниот демократски институт за меѓународни работи донира 1.637.207 швајцарски франци или околу 1,5 милиони евра на Собранието. Парите ќе бидат искористени за набавка на стоки, услуги и работи, вклучително и за внатрешни информациски и комуникациски системи, набавка на софтвер за поддршка на платформата за е-законодавство, софтвер за превод и развој на веб-страницата на Собранието, како и за набавки на опрема за развој на собраниското ТВ студио.

Собранието и Владата на Швајцарија на 20 февруари 2018 година потпишаа Меморандум за разбирање за проектот „Програма за поддршка на Парламентот“. За потребите на спроведување на проектот, Амбасадата на Швајцарија го ангажира Националниот демократски институт за меѓународни работи (НДИ).

Во тој контекст, денеска во Собранието претседателот Талат Џафери и Роберт Скот Хејзлет, заменик директорот на НДИ потпишаа Договор за финансиски придонес со кој Швајцарија се обврза да му даде на Собранието финансиска поддршка во текот на следните 2,5 години.