Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен маж од Кичевско – сакал да ограби куќа и до смрт го претепал домаќинот

Притвор од 30 дена му е определен на жител на кичевското село Жубрино, кој е осомничен за убиство на маж кому му влегол дома за да го ограби.

„Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело убиство, полицијата до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Ш. Љ. (40) од кичевското село Жубрино. Нему му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена“, соопшти МВР.

Пријавениот, во периодот од 26 до 28 јули 2019 година, насилно влегол во куќата на Б. Б. (67) во селото Црвевци и со употреба на дрвени предмети и со физичка сила го нападнал. Од добиените повреди Б. Б. починал./Makfax

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Силен ветер над 60 км/ч, утринска магла и дожд за викендот

ДЕСК

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО ВЕЛЕС – Кај ученичка забележани видливи повреди, известени полицијата и обвинителството

ДЕСК

РЕВИЗИЈАТА ОТКРИ ПРОПУСТИ ВО МИНИСТЕРСТВО – Проблеми со имотот, обврските и јавните набавки

ДЕСК