Centar.mk
БИЗНИСТЕМА

Значително паднаа цените на горивата: Ова се новите цени на бензинот и нафтата

Малопродажната цена на бензините се намалува од еден до 1,5 денари, а на дизелот за два денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Според одлуката, малопродажната цена на Еуродизел ќе изнесува 58 денари за литар, на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 66 денари за литар, Еуросупер БС 98 ќе се продава по 68,50 денари за литар и екстра лесното масло за домаќинство по 47,50 денари

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,473 денари и ќе изнесува 34,922 денари за килограм.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 5,01 отсто или за 28,80 долари за тон, кај дизелот намалување во просек за околу 7,14 отсто или за 39,05 долари за тон, кај екстра лесното масло намалувањево просек за околу 7,43 отсто или за 40,05 долари за тон и кај мазутот намалување во просек за околу 6,18 отсто или за околу 27 долари затон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 55,9 денари и е за 0,903 отстоповисок од курсот на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

Можеби ќе ве интересира

Македонците масовно почнаа да пазарат храна во соседните држави – Популарните ланци маркети во Лерин и Врање преполни со македонски граѓани

ДЕСК

Државата дели и до 10.000 евра за почнување на нов бизнис! – Познато е кој може да аплицира

ДЕСК

Во целост исплатена Еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра

ДЕСК