Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Распуштање на парламентот само ако помине Законот за јавно обвинителство

Парламентот нема да се распушти доколку не биде изгласан Законот за јавно обвинителство и доколку не помине Законот за одбрана.

Истото важи и за изгласувањето на протоколот за членство на Македонија во НАТО.

Законот за јавно обвинителство е клучен за иднината на Македониј, и за тоа веќе интерес пројавија и Европската Унија и САД.

Најавата дека можно е одложување на распуштањето на парламентот ја најави лидерот на најголемата партија во Македонија – СДСМ, Зоран Заев кој рече дека има можност изборите да бидат распишани и на 45-тиот ден до оддржувањето и сепак изборите да се оддржат во договорениот тајминг.

Според аналитичарите кочничарењето на круцијалните закони од страна на тоа што останало од пратеници во ВМРО ДПМНЕ дава слика дека на опозицијата и годи одложување на изборите со оглед дека партијата не само што нема што да понуди, туку за само 30-тина дена учество од Владата “несакајќи” ги присети граѓаните на мрачните времиња од режимот, а на глава на опозициската ВМРО ДПМНЕ и се и најавите дека видни личности наскоро ќе формираат нова десничарска модерна партија која има за цел да донесе едни нови стандарди во десницата која нема да биде под контрола на структурите од Будимпешта.

Можеби ќе ве интересира

На денот кога Кошта го потврди СДСМ – Мицкоски го апси Богоев, вели СДСМ

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Реципроцитет и исполнување на обврските на Бугарија а не нови отстапки, услови и национални понижувања како што нуди СДС и Филипче

ДЕСК

Пред невреме проверете го ова: Кров, олуци, автомобили, дворови и електрични уреди

ДЕСК