Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Договорот од Преспа, НАТО и добрите односи со соседите се македонската реалност, Мицкоски се заканува дека ќе ја менувал, затоа ќе загуби на 12 април

Ништо ново од Христијан Мицкоски, в.д. портпаролот на Никола Груевски, продолжува да дејствува против интересите на државата и граѓаните, пишува 24инфо.мк

Договорот од Преспа, извесното члеснтво во НАТО, добрите односи со сите соседи се македонската реалност која Мицкоски се заканува дека ќе ја менувал.

Таа реалност обезбеди отворен пат кон членство во НАТО и сериозен напредок во интегративните процеси во ЕУ, обезбеди економска стабилност и повеќе пари кај граѓаните.

Мицкоски повторно зборува за враќање назад во времето на изолација, сиромаштија, долгови, кавги со соседите, кога државата беше далеку од ЕУ и НАТО.

Отвореното противење на Мицкоски за Законот за Јавно обвинтелство покажува дека неговата единствена политичка агенда е уништување на предметите на СЈО и спас на криминалците од редовите на неговата партија, предводени од неговиот ментор, бегалецот од правдата Никола Груевски.

Таквото однесување на Мицкоски е неодговорно, несериозно и против интересите на државата и граѓаните. Затоа, на 12 април граѓаните ќе ги казнат деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и ќе порачаат режим никогаш повеќе!

Можеби ќе ве интересира

Трагедија кај Гевгелија: Пронајден починат 36 годишен маж, полицијата излезе со детали

ДЕСК

Малолетници на 14 и 17 годишна возраст уапсени откако биле фатени како возат возило кое претходно било пријавено за украдено

ДЕСК

Николоски на терен: Придобивките од експресниот пат Градско -Дреново- Фариш се огромни за бизнисот и туризмиот, го скративме времето за патување кон Пелагонија

ДЕСК