Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Лила Филиповска ќе сведочи за „Рекет“

Предметот „Рекет”, против обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева, денеска ќе продолжи со испрашување на четворица нови сведоци на Јавното обвинителство за организиран криминал. Водителката и блиска пријателка на Боки 13, Лила Филиповска е повикана да сведочи на утрешното рочиште за случајот „Рекет“

Според најавата, за денеска се предвидени да сведочат и Сања Димовска, Агапи Дика и Весна Костовска.

Досега како сведоци исказ дадоа поранешните обвинители од СЈО, Елизабета Јосифовска, Лиле Стефанова и Бурим Рустеми, бизнисменот Јордан Камчев, неговата сопруга Ана Камчева, сметководителката во приватните фирми на Камчеви, новинарот Христијан Баневски од 1ТВ и други.

Судењето за „Рекет” пред Кривичниот суд го води судијката Васка Николовска-Масевска, додека обвинението го застапува обвинителката Вилма Рускоска./Makfax

Можеби ќе ве интересира

Акција на полицијата во Скопје: Апсења и заплени на повеќе точки во градот

ДЕСК

Претрес во Штип, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

ДЕСК

Со брза реакција на полицијата, пронајдено е возилото на косовски државјанин само неколку часа откако беше пријавено за одземено

ДЕСК