Во Босна и Херцеговина минатата година биле увезени мобилни телефони и други слични уреди во вредност од 85,8 милиони евра, покажуваат податоците на Управата за индиректно оданочување.
Според истите податоци, вкупниот увоз на овие производи лани достигнал тежина од 249 тони, а давачките изнесувале 19,4 милиони евра, пренесува порталот „Кликс“.
Трендот на раст на увозот на мобилни телефони и слични уреди најдобро го потврдува фактот дека не толку одамна, во 2012 година, овој увоз изнесувал околу 35,8 милиони евра./Makfax