Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Кривично ќе одговараат: Синоќа приведени администраторот и креаторот на групата Јавна Соба

Истрагата која ја води Бирото за јавна безбедност за случајот со групата “Јавна соба” на Телеграм, продолжува.

Според информациите на дополнителната министерка Славјанка Петровска синоќа во полиција биле викнати двете лица за кои постојат основани сомненија дека се креатор и администратор на групата.

Петровска посочува дека по извршените разговори и прибавените докази, против двајцата ќе биде поднесена кривична пријава.

БЈБ ги продолжува своите активности во пронаоѓање и на други лица вмешани во скандалот Јавна Соба.

Скандалот со групата Јавна Соба беше откриен деновиве. Имено на група на Телеграм во која членувале над 7400 лица били споделувани фотографии и видеа со ексциплитна или порнографска соддржина од малолетни девојчиња од цела Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Гаши со честитка по повод Велигден

ДЕСК

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Велигден

ДЕСК

ГРАБЕЖ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ДЕН: На мостот Гоце Делчев во Скопје ѝ одзеле накит – уапсени осомничени

ДЕСК