Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тасевска: Со мерката на СДСМ за субвенционирање на придонеси, над 106.000 вработени добиваат поголема плата

Прес-конференција, Лидија Тасевска, пратеничка од СДСМ – интегрален текст

 

Мерките на СДСМ за зголемување на платите на вработените даваат одлични резултати.

Над 106 илјади вработени за последните 2,5 месеци добија повисоки плати, благодарение на мерката за субвенционирање на придонеси за покачување на плати.

Мерката за субвенционирање на придонесите за зголемување на платите од 600 до 6.000 денари дава одлични резултати и се очекува раст на бројот на вработени со повисоки плати.

За мерката, за која во буџетот се предвидени 39 милиони евра, досега аплицирале над 20 илјади компании.

Со субвенционирањето, освен што им се излегува во пресрет на вработените, кои добиваат повисока плата, им се излегува во пресрет и на работодавците за да задржат квалитетни кадри, а воедно се полни пензискиот фонд.

Продолжуваме со реализација на мерките што обезбедуваат добро платени работни места и повисоки плати за работниците.

Инвестираме во човечкиот капитал, во граѓаните и создавање на подобри услови за живот и повеќе пари во семејните буџети.

За СДСМ секој граѓанин е важен!

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Јасно е дека кај многумина има страв од избори, но изборите ќе бидат редовни, во 2028 година

C +

СДСМ: Европа не може да прими во членство организирана криминална група како ВМРО

C +

Тошковски: Новата шалтер сала во МТВ – побрзи услуги и подобри услови за граѓаните и вработените

C +