23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Меркел: За почетокот на преговорите со Скопје и Тирана во март

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека ќе го поттикне почетокот на преговорите за пристапување на Северна Македонија и Албанија во ЕУ на самитот во Минхен во март.

„Пред сè, сакаме да постигнеме договор на следниот состанок на Европскиот совет во март за започнување на пристапните преговори со Албанија, како и со Северна Македонија“, рече Меркел на средбата со албанскиот премиер Еди Рама.

Таа додаде дека и двете држави постигнале многу.

„Сега ќе работиме уште повеќе за да ги постигнеме посакуваните резултати во март“, рече таа./Makfax