21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Неодговорниот однос на преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ кон приоритетни и општествено важни прашања, како законот за Јавно обвинителство, мора да запре

Фејсбук статус на Александар Кирацовски, пратеник на СДСМ:

Неодговорниот однос на преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ кон приоритетни и општествено важни прашања, како законот за Јавно обвинителство, мора да запре.

Неопходно е да се надминат тесно-партиските интереси и стравови кои опозицијата ги гае од донесувањето на ова законско решение, затоа што постои нешто по важно од истите, а тоа е иднината на граѓаните и европската перспектива заснована токму на вакви закони.

Синоќешното барање на претставниците од опозицијата да се одложат преговорите за законот, поради потребата од присуството на актуелниот Јавен обвинител (барање кое можеше да биде номинирано од почетокот на преговорите) е само уште едно проѕирно алиби за бегство од соочување со фактите и донесување на законот пред распуштање на Собранието.

Иако на јавноста и е повеќе од јасно дека главната пречка која опозиционата ВМРО-ДПМНЕ ја има околу евентуалното прифаќање на овој закон се надлежностите во поглед на гонењето на кривичните дела кои произлегуваат од прислушуваните разговори, сепак ние мора да направиме се за да ги извадиме на мегдан нивните задни намери и уште еднаш да докажеме дека актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е всушност истата груевистичка матрица, работејќи единствено во заштита на инкриминираните во аудиоснимките.

Во тој контекст, како Претседател на комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, најавувам Јавна расправа во Собранието која ќе се одржи на 28 јануари (вторник) во 14 часот во собраниската сала „Борис Трајковски“ насловена:

„Јавното обвинителство како ефикасен орган во борба против корупцијата“

На јавната расправа, покрај политичките претставници кои се учесници во преговорите за законот, министерството за правда, домашни и странски експерти, заинтересирани страни и познавачи на оваа проблематика, ќе биде поканет и актуелниот Јавен обвинител, господинот Љубомир Јовески, кој впрочем најави учество доколку се организира отворена јавна дебата.

Покрај реформата на правната рамка на јавното обвинителство, учесниците ќе можат да дискутираат за сите актуелни предизвици и проблеми во правосудниот систем особено за причините и одговорностите за неказнивост, одолговлекување на судските постапки и слични аспекти, со единствена цел еднаш конечно во нашата Македонија правдата и праведноста да владеат пред се и над се!

Спонзорирано: