21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Љупчо Николовски: Денес е голем ден за мене и моите сограѓани

Фејсбук статус на генерелниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски:

Денес е голем ден за мене и моите сограѓани.

Со многу заложба, посветено време и работа на Владата во која бев член како и на институциите во редот на големи капитални проекти што се започнати или започнуваат со реализација на терен е и реконструкцијата и проширувањето на магистралниот пат К. Паланка – Деве Баир.

Денес имаме правосилно одобрение за градба на овој 13 километри долг пат со што градежните работи на изведувачот може да започнат.

Вредноста на оваа нова инвестиција на Владата е над 10 милиони евра со грант од 🇪🇺 од околу 2 милиони €.

Работите опфаќаат рехабилитација на првите 2.6 км, во продолжение проширување на патот со нова трета лента, напуштање на трасата и во еден дел изградба на целосно нова траса, реконструкција на два постоечки мостови и изградба на четири сосема нови мостови.

Во 2018 год. Собранието донесе закон за заем кај Европската банка за обнова и развој, во 2019 год. Јавното претпријатие за државни патишта ја спроведе и заврши целата постапка и сега на почетокот на 2020 год. овој значаен проект за овој регион и целата земја започнува со реализација и треба да заврши за две години во целост.

Граѓаните паметат и знаат дека до пред две години овој наш регион беше заборавен и изолиран.

Со многу посветеност и поддршка денес тука се реализираат меѓународни, регионални и локални историски проекти тешки стотици милиони евра.

Се грижиме, помагаме но и инвестираме во инфраструктура за секој.

Затоа што секој е важен!

Спонзорирано: