Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Дожд и снег во Македонија: Детална четиридневна прогноза за следните 4 дена

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време, по одделни котлини со утринска магла. Утре попладне, во текот на ноќта и во понеделник ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег. И во текот на следната седмица ќе има услови за повремени врнежи, претежно во западните делови.

Прогноза за 27.01.2020

Минимална температура: 1°C до 6°C
Максимална температура: 5°С до 10°C

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини со повремен снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Прогноза за 28.01.2020

Минимална температура: -3°C до 3°C
Максимална температура: 6°C до 12°C

Променливо облачно со услови за утринска магла по одделни котлини

Прогноза за 29.01.2020

Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 7°C до 13°C

Променливо облачно со локален дожд во западните делови. По одделни котлини ќе има услови за утринска магла.