Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Гореа неколку возила во Скопје – полицијата на нозе

На 24.01.2020 во 01.43 часот во СВР Скопје било пријавено дека во подземна гаража на ул.„Босна и Херцеговина“ во Скопје настанал пожар во неколку возила.

Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека целосно било опожарено патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.К.(32) од Скопје, а делумно биле опожарени патничко возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки и патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Ф.(33) од Скопје.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Извршен е увид.

Можеби ќе ве интересира

ВЛАЖНИ КОЛОВОЗИ И ПОВЕЌЕ ПАТНИ РАБОТИ – АМСМ со важни информации за возачите

ДЕСК

ДОЖД И СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ ВО МАКЕДОНИЈА – Денеска температури до 18 степени

ДЕСК

Почна гласањето во Брвеница – гласаат вкупно 107 болни лица

ДЕСК