Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека сериозно размислува да воведе царински давачки за увоз на европски автомобили, освен ако Соединетите држави (САД) и ЕУ не постигнат договор за трговија.
Тој по состанокот со пакистанскиот лидер на економскиот самит во Давос, рече дека сепак очекува да се постигне договор со Европа.
Трамп исто така имаше средба и со претседателот на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен во Давос и рече дека разговорот со неа бил добар, но не откри дали разговарале и за воведување данок на европските автомобили.
„Европа знае дека мора да направи нешто и ако биде фер, нема да имаме никакви проблеми“, рече Трамп./Makfax