Загадениот амбиентален воздух со кој во зимските денови посебно се соочуваат градовите од регионов, е редовна тема на власта, граѓанскиот сектор, локалните управи… со цел како да се надмине овој горлив проблем за населението. Сите кројат стартегии, предлагаат и преземаат мерки, користат искуства од другите… Се што се прави е во функција за граѓаните, а тие очекуваат крајниот резултат да им овозможи да дишат чист воздух. Ваквите потези неможат преку ноќ да го елиминираат горливиот проблем, но на долгорочен палан можат да донесат добар ефект.
Деновиве Скопје од старана на Шведската амбасада во Сараево е посочен како урнек до властите во БиХ како да се намали загадениот воздух.
Во фејсбук статус, амбасадата пишува како Скопје успеа да го подбри кавалитетот на воздухот.
-Последните годиние граѓаните почнаа да ги потикнуваат политичарите да воведуваат мерки за подобрување на условите за живот на граѓаните. Тоа се случи ! Владата на Северна Македонија подготви двегодишен програм со цел да се намали загадувањето на воздухот до крајот на 2020 година во Скопје за 50 одсто, а во другите градови од 30 до 50 одсто. Заменети се мониторинг станиците, зголемен е бројот на запослените во инспекторатот за животна средина, намален е ДДВ за греење, приклучени се домаќинстава на загревање со гас, забранета е продажба на јаглен за греење, очистени се депонии, започнати се построги контроли во градежништвото и направена е промена во јавниот превоз. Може ли ова да биде решение и за сараево, Тузла и другите градови во БиХ ?