5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Популарниот “Изет“ со треперлив глас во емисија во живо признал дека боледува од тешка болест

Познатиот хрватски и босански актер Мустафа Надаревиќ (76) откри дека боледува од карцином на белите дробови. „Кога сфатив дека тоа е дел од животот, дека болеста е дел од животот, тогаш го прифатив. Кога прифаќате нешто со љубов, тогаш може да се победи оваа болест“, изјави актерот.

Тој ги советуваше сите што припаѓаат на ризичната група, односно долгогодишните пушачи, да не избегнуваат да одат на прегледи.

Надаревиќ со години беше страстен пушач и ги остави цигарите по операцијата на срцето. Денес, тој понекогаш повлекува чад од електронска цигара, а вели дека неговите деца му даваат најмногу сила и поддршка во борбата со болеста.

Иако е во осмата деценија, Мустафа Надаревиќ (76) не размислува за пензија. Тој е свесен дека актерот може да игра најдобри улоги до крајот на животот ако рационално ја троши енергијата.

„Не размислувам да престанам да играм затоа што верувам во судбина. Само се плашам да не останам болен и да бидам нечиј товар и грижа. Имам страв од тоа. Смртта не е толку туѓа за мене, ужасна и незамислива е помислата некому да му бидеш товар. Не се плашам од заминување. Имам страв од ужасно заминување. Животот може да трае многу долго. Може да биде и краток. Затоа треба да се ужива во секој момент и да се искористи“, вели актерот.

Омилениот Изет во серијалот „Луд, збунет, нормален“ болеста не го спречила да работи со полна пареа бидејќи се снимаат нови епизоди.

Спонзорирано: