8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Магла низ Македонија: Внимателно на овие патни правци

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.

ИЗВЕСТУВАЊЕ: ДИГИТАЛ ДООЕЛ Струмица известува за времена измена на режим на сообраќај на државен пат А1, делница: Демир Капија-Смоквица, за време на изведување на градежни работи-електрично осветлување на тунел Демир Капија на државен пат, согласно одобрението од Министерство за транспорт и врски. Предметната сообраќајна согласност е со рок на важност од 3 (три) месеци сметано од денот на издавање (02.01.2020 година).

НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТ: Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патниот правец Тетово – с.Гајре, Кула – Катланово, Охрид, Штип и видливост до 100 метри има Страцин, Крива Паланка, Тетово, Гостивар, Битола, Ресен и Кичево.