Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Изменет сообраќаен режим низ Скопје поради верскиот празник Водици

Поради манифестациите кои на 19. јануари ќе се одржат по повод верскиот празник Водици, сообраќајната полиција при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај на одредени улици во централното градско подрачје, како и во општините Ѓорче Петров, Аеродром и населбата Хром.

Како што информираат од МВР, во периодот од 10:00 часот па до завршувањето на настаните по повод Водици, во центарот на Скопје за сообраќај ќе бидат затворени улиците „Филип Втори Македонски“ до булеварот „Гоце Делчев“ и Кеј „13-ти Ноември“ до булеварот „Кочо Рацин“.

Во општината Ѓорче Петров од 10:00 часот црковната литија ќе се движи почнувајќи од црквата „Свети Петар и Павле“, десно по булеварот „Партизански одреди“, десно по улицата „Ѓорче Петров“, лево по улицата „Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“ по улицата „Демир Трајко“ и лево по улицата „Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар.

Во општина Аеродром од 10:00 часот за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон сeло Лисиче.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Во тренд…