Триесет и осумгодишен маж загина во пожар што избил во неговата куќа.
Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера во 12 часот во село Браилово, Pрилепско, кога настанал пожар во куќа сопственост на Ј.Т.(38), при што тој починал на самото место.
Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Пожарот бил изгаснат, а причините се утврдуваат./Makfax