Граѓанското учество стана главно обележје на нашето работење, во таа смисла е и денешната трибина и денешните говорници кои иако не се партиски членови, некои од нив одамна се со нас и ни помагаат во креирањето на програмата и стратегиите во културата, посочи Роберт Алаѓозовски, претседател на Комисија за култура на СДСМ на трибината на СДСМ “Агенда – Култура 20-24”.
Остануваме посветени на европските вредности и развој, затоа ако нашата земја ако сака да стане дел од европското семејство мора да ги следи тие политики, најбитно е дека културата игра клучна улога во менувањето на нашата свест, свеста на нашите граѓани, а преку европските политики и концепт ние ги негуваме и ги спроведуваме во нашата програма.
Ако претходно беше слободарска култура, сега таа треба да се насочи кон развој на културата следејќи ги европските трендови, посочи Алаѓозовски.
Алаѓозовски посочи дека културата е клучна од аспект на граѓаните и нивно учество во општествениот живот и затоа треба да водиме политики кои ќе го зголемат опсегот на луѓето кои се вклучуваат во целокупниот општествен живот во културата.
Модниот дизајн, филмската уметност и креативната економија е она на кое треба да останеме фокусирани во следниот период, вградувајќи ги во програмата Наша задача е да ја поставиме културата на ново, повисоко ниво, заклучи Алаѓозовски.