Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Качакова од трибината Агенда Култура 20-24: Јакнење на капацитетите и кадровски и инфраструктура и технички е нужност што се наметнува

Јакнење на капацитетите, кадровски, инфраструктурно и технички она што е потребно и она на што треба да се насочиме во следниот период, посочи Виолета Качакова, проектен менаџер на трибината на СДСМ “Агенда – Култура 20-24”, во Музејот на современа уметност во Скопје.

Во граѓанскиот сектор се случува сериозен човечки капитал, со знаење и искуство во европски проекти, развој на програми и заеднички акции на уметниците, наши со странски, истакна Качакова.додавајќи дека потребата на граѓанскиот сектор од простор и финансирање се јавува како нужна во денешно време.

Јакнење на граѓанскиот сектор преку соработка со институционалниот и вклучување на поддршка и кофинансирање не само на државата, туку и други начини на кофинансирање на централно ниво, преку општините, градот и поддршка од меѓународни фондови, како и проекти со јавно-приватно партнерство е потреба која се наметнува.

Она што е важно е и дека голем дел од уметниците немаат ден стаж, а постои систем на бенефиции во случај ако се добие статус на слободен уметник министерството ги покрива придонесите за стаж, здравство и социјала. Но треба да се подобрат критериумите и бројот на корисници да се зголеми, заклучи Качакова.

Можеби ќе ве интересира

Филипче со детали од новиот Закон: Сите тендери и јавни набавки ќе се водат преку блокчејн платформа

C +

Мицкоски: Пуштен е во употреба новиот градски пазар во Општина Виница

C +

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +