18. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Платите во Армијата за две години пораснаа од 3.000 до 6.000 денари

Со празни прес конференции опозициската партија го покажува нивниот очај, СДСМ за 2 и пол години направи многу повеќе за армијата отколку ВМРО-ДПМНЕ за 11 години, реагира СДСМ по прес-конференцијата на Александар Нацев од ВМРО ДПМНЕ, кој рече дека војниците во касарната „Илинден“ веќе неколку дена се оставени без греење.

„Празните и неаргументирани прес-конференции на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за очајот на опозицијата, но и доказ дека СДСМ за само 2 и пол години направи многу повеќе за армијата од тоа што ВМРО-ДПМНЕ го направи за 11 години.

Од доаѓањето на власт, СДСМ се посвети целосно на подигнување на стандардот на вработените во одбраната, како и обезбедување подобри услови за работа преку целосно опремување со униформи и чизми на сите вработени во Армијата.

Платите во Армијата за две години пораснаа од 3.000 до 6.000 денари, реформите во одбраната се на прав пат.

Со зголемувањата на платите обезбеден е значителен пораст на основните плати, имајќи го во предвид фактот што претходно платите на вработените во Армијата беа повеќе години наназад замрзнати.
ВМРО-ДПМНЕ 11 години ништо не направи за Армијата, а денес секојдневно продолжува со разно разни опструкции.

Со свесното блокирање на Законот за одбрана, Мицкоски и неговите пратеници во Собранието го кршеа Уставот и го загрозуваат остварувањето на децениска стратешка цел – членството на Република Северна Македонија во НАТО.

Законот за одбрана е клучен за нашето членство во Алијансата. Неодговорно, несериозно и недозволиво е членството во НАТО да биде загрозено од пратениците, особено сега кога ратификацијата на Протоколот за пристапување е на самиот крај.

Очајот на ВМРО-ДПМНЕ кулминира со излишни прес-конференции, неаргументирани изјави со што се потврдува дека опозицијата нема програма, идеја и тоне во страв од извесниот изборен пораз на парламентарните избори на 12 април.

Граѓаните, особено членовите на Армијата го паметат несериозниот и игнорантскиот однос на ВМРО-ДПМНЕ, затоа на 12 април ќе порачаат враќање на режимот нема да има никогаш повеќе“, велат од СДСМ во реакцијата.

Можеби ќе ве интересира

Две женски лица нападнале 16 годишно девојче среде бел ден во Скопје

ДЕСК

Нова драма во Карпош: Две лица почнале да му се закануваат на младо момче и неговата девојка, а потоа му го оштетиле возилото

ДЕСК

Тепачка во Шуто Оризари

ДЕСК