Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мицкоски молчи додека член на неговата партија се заканува на новинари и неистомисленици

-Емил Јакимовски Гусарот, истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ јавно и директно упатува закани кон новинари и политички неистомисленици, а Христијан Мицкоски и неговата партија молчат, велат од СДСМ преку соопштение.

Од партијата додаваат дека ниту министерот за внатрешни работи во преодната влада Наќе Чулев од ВМРО-ДПМНЕ не постапува и не ги заштитува лицата кои трпат закани од Јакимовски.

„Чулев единствено се занимава со коли за неговиот кабинет и ја загрозува безбедноста. Тоа е доказ дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ работат само за враќање и обнова на криминален, насилнички режим кој се заканува и заплашува. Ништо не е сменето, тоа е истата, нереформирана, режимска ВМРО ДПМНЕ“, велат од СДСМ и нагласуваат дека ги осудуваат заканите на членовите на ВМРО ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

Маѓар како Филипче или Филипче како Маѓар?

ДЕСК

Татко прикажувал порнографски содржини пред својот малолетен син во викендица при што го наведувал и детето да гледа и да се самозадоволува, соопшти Јавното Обвинителство

ДЕСК

Прегазено седумгодишно дете во Кочани

ДЕСК