25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСИЗБОР

Милијардер подели 9 милиони долари на „Твитер“

Јапонскиот милијардер, Јусаку Маезава, преку „Твитер“ им поделил девет милиони долари на илјада негови следбеници со желба да ја провери теоријата според која луѓето се посреќни кога имаат повеќе пари.

Илјада луѓе кои го ретвитнале неговиот налог добиле по 9.000 долари. Тој објаснил дека овој социјален експеримент го покренал за да ги поттикне научниците и економистите на расправа за универзалните приходи.

Маезава е познат и по најавата на шефот на „Тесла“, Илон Маск, дека ќе биде еден од оние кои ќе патуваат на Месечината.

Освен тоа, Маезава преку „Твитер“ ја бара својата сродна душа на која ѝ понудил меден месец на Месечината, објави „Бизнис инсајдер“./Makfax