12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Разбиена лагата на Режимските портали: Русковска порача дека не е точно дека Боки 13 дал изјава за вмешаност на Зоран Заев во „Рекет“

Обвинителката Вилма Русковска ги негира информациите дека обвинетиот во аферата „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13, во исказот кој го дал во обвинителството спомелувал лица блиски до семејството Заеви и довчерашниот премиер Зоран Заев.

„Не е точно. Во исказот тој спомена НН лица и НН настани, како и дека поради тоа наводно неговиот живот бил загрозен“,

вели Русковска во изјава за интернет изданието на „360 степени“.
Од друга страна, пак, информациите кои ги објавија дел од медиумите, за што пишуваат и истакнати членови на ВМРО-ДПМНЕ, се дека Боки 13 зборувал за конкретно лице од со иницијали В.З., близок роднина на Зоран Заев.

„Боки 13 се отворил до крај и раскажувал што се случило со парите прибрани од рекет, и тоа од повеќе лица, а не само од Орце Камчев. Се работи за вкупно собрани околу 7 милиони евра со рекетирање бизнисмени. Според Боки 13, парите, во поголем дел, ги предал на луѓе блиски до претседателот на СДСМ, поранешниот премиер Зоран Заев, посочувајќи го конкретно В.З. близок роднина на досегашниот премиер кому предал пари на средба во Карпош, на локација Лептокарија. Заканите кон него, кои Боки 13 ги спомнува на судењето, се спомнуваат и во исказот, и повторно како главен извор на заканите тој го спомнува лицето В.З.“,

е дел од приказната што ја објави порталот „Вечер“, повикувајќи се на свои сознанија.

Вечерва со слични наводи приказната како мега афера ја најави Героски но подоцна излезе со тврдењата на Вечер.

Во меѓувреме лажната вест беше споделена од бројни функционери на опозициската режимска партија од кои дел се соочуваат со сериозни обвиненија за тешки криминали во случаи од СЈО.

Спонзорирано: