17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
ТЕМАМОЗАИКИЗБОР

Чувајте се од жени кои читаат книги!

Маж и жена отишле на одмор на езеро. Мажот сакал да оди на рибилов, а неговата жена обожавала во мир да чита книги.

Едно утро, мажот после неколку часа поминати на риболов се вратил и решил да спие, а сопругата одлучила сама да плови со чамецот.

Го вклучила моторот и со чамецот стигнала до едно мирно место, ја извадила книгата и продолжила со читање во тишина.

Наскоро дошол риболовен инспектор со својот чамец, запрел покрај нејзиниот чамец и рекол:

– Добро утро госпоѓо. Што правите?

– Читам книга, одговорила таа.

– Вие сте на делот од езерото резервиран за спортски риболов!

– Жал ми е господине, но јас не ловам. Само седам во чамецот и читам книга.

– Да, но во чамецот го имате потребниот прибор и со риболов може да започнете секој момент. Ќе бидам приморан да ве приведам во станица и против вас да поднесам пријава, рекол тој.

– Ако навистина тоа го направите, тогаш знајте дека и јас ќе поднесам пријава против вас, но поради силување, одговорила жената.

– Но, јас не ве ни допрев, рекол инспекторот.

– Да, но и вие го имате потребниот прибор за тоа, и можете да го направите тоа секој момент.

– Довидување госпоѓо и уживајте во овој убав ден…

Поука:

Не влегувај во расправија со жена која чита. Многу е веројатно таа да знае и да размислува.

А ако се расправаш со жена која чита и размислува, тогаш сфати дека не можеш да излезеш на крај

Фото: Pixabay