Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Осум интервенции на скопските пожарникари за новогодишната ноќ

Територијалната противпожарна Единица (ТППЕ) на Град Скопје во текот на новогодишната ноќ имала осум интервенции кои успешно се завршени. Дежурните екипи интервенирале во гаснењето на пожар во дуќан, тераса, штала. Причинета е материјална штета, а само во еден случај има повредено лице.

Во 23 часот бил предизвикан пожар од употреба на пиротехнички ракети на тераса на улица „Крсте Мисирков“ зад „26 Јули“ на Бит Пазар при што е спасен сопственикот на станот. Повредениот бил пронајден во безсознание и со возило на Итната медицинска помош е пренесен во една од скопските клиники.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ТИ ДАДАТ ПАРИ НА ЗАЕМ, А ПОТОА И КОЛАТА ЌЕ ТИ ЈА ЗЕМАТ – Обвинителството истражува организирани изнуди

ДЕСК

Судијката м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева говорник на меѓународна конференција во Грузија по повод 30 години од основањето на Уставниот суд

ДЕСК

Собраниска делегација на состанок на ПС на ЦЕИ ПД во Букурешт

ДЕСК