Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Коста Костадинов – Пратеник на годината

Традиционално како и секој 31. декември, Centar.mk избира личности на годината што изминува.

Оваа година уредничкиот колегиум на Centar.mk го избра Костадин Костадинов за пратеник на 2019-та година.

За Костадин може да се каже дека е млад, амбициозен и силно мотивиран пратеник. Еден од најактивните пратеници, а во истовреме ја извршува и функцијата портпарол на СДСМ.

Може да се каже дека гостувањата на дебатите и емисиите на телевизија се со огромна гледаност.

Костадинов е пратеник кој добива голема поддршка на социјалните мрежи, особено е активен на Фејсбук и Инстаграм.

Отворен е за комуникација со граѓаните од кои е избран. Тој е еден од пратениците или политичарите кои одговараат на сите пораки што ќе ги добијат, ги решава проблемите на граѓаните на дневно ниво.

Еден од примерите е кога Костадинов лично отиде во продавница и купи потопна пумпа за да се испумпа водата од еден патен правец во Струмица, кој води до рудникот Огражден или пак обединувачкиот потег кога тој најави купување на дрвциња, а им порача на младите од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ заедно да ги засадат, што е пример за како тоа еден пратеник треба да функционира, да обединува, да сплотува…

Моќен и обединувачки потег на Костадин Костадинов кој наиде на голема поддршка и одговор: Ги повика младите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ на предизвик – јас ќе купам дрвцина и цвеќиња, а вие засадете ги

(Фото) Зборот е збор: Коста Костадинов купи потопна пумпа за да се испумпа водата од патот кај рудникот Огражден

 

спонзорирано: