Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Спасовски: Мојата желба е да бидам што пократко на оваа позиција за побрзо да се врати Заев

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски се заблагодари за довербата, откако вечерва партиското раководство на СДСМ одлучи тој да биде технички премиер на местото на Зорн Заев до одржувањето на изборите во април.

„Ви благодарам на довербата и поддршката. Мојата желба е да бидам што пократко на таа позиција за што побрзо да се врати претседателот Зоран Заев. Одиме на победа“, напиша Спасовски на социјалните мрежи.

Спасовски ќе го добие мандатот на 3 јануари и ќе стане вториот технички премиер од независноста.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +