Неодамнешните сателитски фотографии од полигонот „Тонопа“ на американските воздухопловни сили во Невада прикажуваат десетина неидентификувани летала. Можните објаснувања се разновидни, но базата е позната по тоа што е дом за авионите од „Областа 51“ за која Пентагон не изнесува детали.
Сателитските фотографии направени на 6 декември прикажуваат необична глетка: 12 необични објекти што стојат пред исто толку хангари во делот на базата што ретко се користи и за кој се знае малку. Ова ниво на активност кај „Тонопа“ е исто толку невообичаено како и изгледот на непознато летало, што досега не било забележано, објави порталот „Драјвс Тајлер роговај“, кој ги откри леталата./Makfax
https://youtu.be/Xq4VgcX_-Vc