Едвард Сент Џон, основач на „Сент Џон пропертис“, ги изненадил своите 198 вработени со црвени коверти на приемот. Кога ги отвориле, нашле фантастични бонуси во просек од 50.000 американски долари. Најголемиот бонус изнесувал 270.000 долари, а најмалиот од стотина долари го добил приправник кому утрешниот ден му бил прв работен ден.
Во тој момент во салата одекнала ерупција на одушевување и солзи радосници.
„Го отворив ковертот, го видов износот и мислев дека не гледам добро. Тогаш сите почнавме да се гушкаме едни со други. Не можев да дишам и кога дојдовме на себе, продолживме да славиме“, рече Мелиса Алеман, една од среќните вработени во компанијата, која поделила вкупно 10 милиони долари бонус таа вечер.
Износите на бонусот се одредуваат според бројот на години поминати во компанијата. Така, механичарот кој помина 39 години во компанијата доби поголем бонус од претседателот на компанијата, Лери Мејкранц, кој е на таа позиција веќе 38 години.
„Никогаш нема да го заборавам моментот кога сите ги отворија своите коверти и ги видоа своите бонуси во исто време. Луѓето плачеа, врескаа, се гушкаа и се смееја“, се сеќава Мејкранц.
„Сакавме да им се оддолжиме на луѓето за 48 успешни години и за сите цели што ги постигнавме, заклучи тој./Makfax