Полицијата приведе двајца гостиварци во чиј автомобил се пронајдени марихуана и „екстази3. Како што информира МВР, изутринава во 3 часот на улицата Живко Брајковски во Гостивар полициски службеници на СВР Тетово – Полициска станица Гостивар ги лишиле од слобода Е. Д. (23) и Е. Д. (20), двајцата од гостиварско Беловиште, затоа што при нивен и преглед на возилото „фолксваген голф“ со австриски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена марихуана, две дробилки и „екстази“.
Двајцата биле задржани во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави./Makfax