23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Каевски на трибина Агенда Спорт 20-24: Вложуваме во инфраструктурата, реконструираме сали и стадиони, а Струга повторно добива затворен базен

Доколку сакаме навистина да вложиме во спортот она што треба да го направиме е вложување во спортската инфраструктура, на која ќе и претходи сеопфатна анализа, порача Дарко Каевски,претседател на СДММ и директор на АМС од трибината на СДСМ – „Агенда спорт 20-24“С.Ц. Борис Трајковски, во Скопје.

Тој истакна дека изминатиот период од 2.5 години, се направи многу ,се реконструираа спортски сали во кои со години не било ништо инвестирано.

Во 2018 и 2019 година се реконструираа салите во Ресен, Струмица, Неготино или вкупно десетина сали кои сега функционираат како што треба, потоа 4 фудбалски стадиони, а наскоро започнува изградба на 6 базени. По 40 години се реконструира базен во Струка и наредната година кончено, по 15 години стружани добиваат функционален базен. Исто така се вложува во фитнес зони, терени за баскет, игралишта и останато, потенцираше Каевски од трибината во Скопје.

Со цел родова еднаквост го подигаме на повисоко ниво учеството на жената во спортот, а во овие две и пол години интензивно инвестираме и во спортот за лицата со попреченост, истакна Каевски.