Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Мојсовски на трибина Агенда Спорт 20-24: Нова мерка на СДСМ, спортистите добиваат услови за пензиско и здравствено осигурување и пензија, приход или плата, ја исправаме децениската неправда кон спортистите

Нова мерка на СДСМ, спортистите добиваат услови за пензиско и здравствено осигурување и пензија, приход или плата, ја исправаме децениската неправда кон спортистите. Една од главните мерки во полето на спортот е овозможиме грижа за спортските ветерани. Ги исправаме неправдите кон спортистите. Како ракометар со 20 години ракометна и репрезентативна кариера, немам 1 ден стаж а како мене има многу вакви примери, ние тоа го менуваме, истакна претседателот на Комисијата за спорт на СДСМ, Наумче Мојсовски на денешната трибина Агенда Спорт 20-24.

Мојсовски додаде дека мерката ќе ги вклучи сите спортисти без разлика дали доаѓаат од колективен или индивидуален спорт.

Трибината Агенда Спорт 20-24 е дел од серијалот на повеќе програмски трибини на СДСМ, консултации со стручната јавност, граѓаните, невладините организации, за новата програма на партијата за новиот 4 годишен мандат.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +